Рамос: Судијата на полувреме ми се извини, жалеше што покажал картон откако убаво му објаснив

by
1 минути читање

Дефанзивецот
синоќа постигна нов гол и влезе помеѓу најдобрите 10 стрелци во историјата на
репрезентацијата на Шпанија. Но тој се најде во центарот на вниманието поради
начинот на кој го прослави погодокот, правејќи гест дека носи очила.

Судијата сметаше
дека ова е навреда па му покажа жолт картон. Сепак, посветата на Серхио Рамос
беше нешто сосема друго, фудбалерот на Реал Мадрид само исполнувал ветување
дадено на неговиот внук, кој треба да носи очила поради проблеми со видот.

„Жолтиот картон
беше конфузија. Не се работеше за навреда кон публиката на стадионот, беше
посвета за мојот внук. Разговарав со судијата, му објаснив за кого е намент
гестот, дека е за мојот внук кој треба да носи очила. Едноставно сакав да го
охрабрам, да му порачам дека не е страшно да се носат очила. Судијата ме
разбра, се извини и изрази жалење“
– вели Серхио Рамос.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×