Пандев е опција за Каљари?

by
1 минути читање

„Центотрентуно“ во Италија пишува дека 36 годишниот македонски интернационалец од редовите на
Џенова, Горан Пандев е „идеја“ во тимот на Каљари, а оваа вест од утринава
изненади многумина со оглед на актуелната ситуација.

Нашиот капитен
оваа седмица ќе го предводи нашиот национален состав на гостувањето кај Израел
во петтото коло од квалификациите за Европското првенство, мечот се игра во
четврток, а останува дилемата колку шпекулацијата која осамна низ одредени
медиуми во Италија е реална во очекувањата да се оствари до крајот на преодниот
рок во Италија кој истекува токму денеска.

ИДЕЈА ПАНДЕВ – Се
уште се отворени неколку трки за засилувања во Серија А, а новото име на
пазарот е Горан Пандев, членот на Џенова може да донесе искуство во составот
кој веќе трпи на позицијата каде треба да има бомбардер
“ пишува „Центотрентуно“.

Роден во 1983.
година, победник во Лигата на шампионите од сезоната 2010. со Интер,
македонскиот напаѓач би можел да биде класично решение за да се комплетира
тимот, до крајот на денот, и останатите опции не би требало да се исклучат

додава истиот медиум.

Пандев веќе
четири години е дел од тимот на Џенова, сезонава забележа два настапи на кои
одигра само девет минути, влегувајќи од клупата за резервни фудбалери, а што се
однесува пак до Џенова, таа екипа стартуваше со една победа и едно реми во
воведните две кола во Серија А, а дали Струмичанецот би бил идеалното решение
за Каљари во битката за опстанок сезонава во елитното првенство на Италија, ќе
сочекаме до крајот на преодниот рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×