Осогово веќе извесно време важи за најмодерниот клуб во Македонија кога се во прашање социјалните мрежи. Кочанскиот клуб е пример за сите наши прволигаши, кои длабоко заостануваат во тој поглед.
Осогово доминира во Македонија, но и во странство. Раководството одлучи популарноста да ја искористи и да започне фандрејзинг кампања со која сака да прибере дополнителни средства за развој на клубот.
Соопштението на Осогово ви го пренесуваме во целост:
„ГФК Осогово од денес започнува fundraising кампања за дополнителни средства кои се потребни за сезоната 2019/2020.
Ние како клуб и млада управа се стремиме да ги следиме сите текови во модерниот свет и инспирирани од приказната на многу спортски клубови низ светот кои се поддржани од навивачите решивме да креираме сопствена кампања на платформа за донации.
Со цел да ги мотивираме сите навивачи на нашиот клуб и љубители на спортот и фудбалот кои што сакаат да донираат и да му помогнат на ГФК Осогово да се искачи до целта и да се пласира во највисок степен на натпреварување, како и да собереме средства за делот каде што сме најранливи кај развојот на младинските категории, организиравме Fundraising кампања каде што секој може да направи разлика и да биде дел од жолто синото семејство и да донира.
Средствата од оваа кампања ќе бидат наменети за:
-Развој на младинските категории, организирање на професионални семинари и техничка опрема за младите.
-Тренинг реквизити
-Формирање на Фан Шоп
-Подобрување на инфраструктурата на стадионот и подтрибинскиот простор.
Доколку сакате да бидете дел од оваа кампања и да му помогнете на нашиот клуб кликнете ОВДЕ“.