191
Амбициозниот клуб МОЛ Фехервар потпиша договор со македонскиот репрезентативец Висар Муслиу од Шкендија.
Претходно македонскиот клуб го потврди трансферот, а сега и МОЛ Фехервар ја објави информацијата за новото засилување.
„Среќен сум што дојдов во МОЛ Фехервар. Претходно собирав многу информации за тимот, Бобан Николов кој го познавам долги години од Вардар и од националните тимови, ми кажа одлични работи. Навистина ми се допаѓа градот и МОЛ Арената која ве остава без здив. Не можам да дочекам да почнам да играм“, вели Висар Муслиу.
Тој ќе го носи дресот со број 16.