Јуве ги откри деталите од трансферот на Моизе Кин во Евертон, ќе добијат значително помалку од она што беше најавено

by
1 минути читање

По долги
шпекулации, Моизе Кин денеска беше промовиран како нов фудбалер на Евертон.
Перспективниот напаѓач стави потпис на петгодишен договор, а медиумите пренесоа
дека се работи за зделка од 30 милиони евра плус додатни 10 милиони евра во
бонуси.

Јувентус неколку
часа по соопштението на Евертон испрати свое и ги отрки деталите од трансферот.
„Старата дама“ пренесе дека „карамелите“ ќе одвојат 27,5 милиони евра, сума
која ќе биде платена на три рати, плус додатни 2,5 милиони евра во бонуси, што прилично помалку од она што се најавуваше.

Трансакцијата ќе
донесе позитивен ефект од 22,5 милиони евра во балансот на шампионот на Италија.

Што се однесува до написите дека Јувентус ќе има прва опција и приоритет доколку Евертон во иднина
реши да го продаде Моизе Кин, во соопштението на Јувентус нема никакви
информации за ова, ниту пак за некакви дополнителни клаузули (опција да го
вратат играчот во иднина за одредена сума).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×