Рома реши да не го продолжи договорот со Де Роси, па тој по 18 години поминати во Рим се реши кариерата да ја продолжи во Бока Јуниорс.
Де Роси синоќа пристигна во Буенос Аирес, по што ги помина медицинските прегледи и стави потпис на едногодишен договор со аргентинскиот гигант.
Интерес за него имаше од неколку клубови од Серија А, вклучувајќи ги Фиорентина, Милан и Сампдорија. Но тој се одлучи да го облече дресот на клубот за кој отсекогаш сакал да заигра.
„Сакав да играм за Бока на 20, 30 или 35 години“, изјави Де Роси.
„Ова е една моја голема желба. Сакам да играм меч против Ривер Плејт на Бомбонера. Кога го видов тој стадион, снемав воздух“.
Големи заслуги за овој трансфер одат и на адреса на Никола Бурдисо, кој пет години играше со Де Роси во Рома а сега е спортски директор на Бока Јуниорс.
¡Ya está en La Boca! pic.twitter.com/h2G3PPrRBi
— Boca Jrs. Oficial (@BocaJrsOficial) July 25, 2019