91
Меси беше дел од еден инцидент со Гери Медел по кој и двајцата добија црвени картони во првото полувреме. Ѕвездата на Барселона подоцна не се појави на церемонијата.
„Против Медел обично е така, но инцидентот не беше голем, најмногу што заслуживме е жолт катон. Мислам дека црвениот беше порака за мене поради изјавите кои ги дадов претходно за судењето и целокупната организација. Точно дека не го земав медалот бидејќи не сакав да бидам дел од оваа корупција“, вели Меси.
„Не сакам да зборувам многу за тоа, најважно е дека ги надминавме проблемите кои ги имавме на стартот и одигравме одлично на позитивен начин завршувајќи го настапот на Копа Америка“.