169
Перу со голема доза на среќа ја помина групната фаза, а среќата беше и вечерва на страната на „бело-црвените“. Уругвај три пати ја затресе мрежата на Гаљесе, но ВАР ги поништи погодоците.
И додека првиот гол беше од прилично јасен офсајд, за другите два беа сантиметри во прашање.
Избраниците на Оскар Таберез за ова скапо платија во пенал серијата. Луис Суарез е трагичар откако напаѓачот на Барселона го промаши првиот пенал а сите кои шутнаа по него погодија, па Перу си закажа дуел со Чиле.