Меси: Срамота!

by
1 минути читање

Аргентина и Венецуела синоќа играа на Маракана, Меси и неговите соиграчи на крајот се радуваа на полуфинале, но ѕвездата на Барса е незадоволен од терените на Копа Америка. 

„Нашата цел е да го освоиме трофејот, но сето тоа е во сенка на лошите терени на кои играме. Ова е срамота за Копа Америка. Тешко е да покажете што знаете на ваква површина. Едно вака големо натпреварување не заслужува вакви терени“, вели Меси.

Тој смета дека дуелот со Бразил ќе биде неизвесен, и вели дека Аргентина се уште не го покажала најдоброто од себе.

„Мечот со Бразил ќе биде неизвесен, но можам да ви кажам дека се уште не сте го виделе најдоброто од Аргентина“.

Не само Меси, и многу други претходно се пожалија на лошите терени на стадионите во Бразил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани