65
Како и повеќето натпревари на Копа Америка и дуелот меѓу Колумбија и Чиле не донесе многу возбудувања, мечот во регуларниот дел заврши без голови 0-0.
Во текот на 90. минути, Чиле имаше два понитешни гола со ВАР, првиот поради офсајд, а вториот поради играње со рака.
Но во пенал рулетот беа подобри од Колумија. Во првите четири серии фудбалерите и на двете селекции беа без промашување, Родригез, Кардона, Квардадо и Мина погодија за Колумбија, Видал, Варгаз, Пуљар и Арангуиз реализираа за Чиле. Во петтата последна серија Тесиљо промаши за Колумбија, а потоа Алексис Санчез постигна гол за победа на Чиле.
Во полуфиналето Чиле ќе се сретне со подобриот од вечерашниот дуел меѓу Уругвај и Перу.