Бразил дури на пенали го победи Парагвај за пласман во полуфинале (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Бразил влезе како голем фаворит против Парагвај, но малку фалеше да доживее сензационална елиминација од Копа Америка на која овој пат тој е домаќин.

Првото полувреме беше рамноправно, и двете селекции имаа по една убава шанса но голманите одбранија.

Во 55. минута од мечот се случи интересен момент. Судијата најпрво досуди пенал за Бразил, но по консултација со ВАР ја промени одлуката. Прекршокот беше направен надвор од шеснаесетникот па беше изваден како слободен удар, но дефанзивецот на Парагвај, Балбуена заработи директен црвен картон поради тоа што направи фаул како последен играч од одбраната.

Бразил го продолжи мечот со десет играчи, но тешко создаваше шанси, Парагвај одлично се бранеше. Најблиску до гол домаќините беа кога Вилијан ја погоди стативата.

Парагвај се одбрани, натпреварот во регуларниот дел заврши без голови, па се премина кон изведување на пенали.

Тие почнаа со промашување на Парагвај, Алисон му го одбрани ударот на капитенот Густаво Гомез.

Следуваа прецизни удари и од двете страни, Вилијан, Маркињос и Кутињо дадоа голови за Бразил, Алмирон, Валдез и Рохас погодија за Парагвај.

Во четвртата серија Фирмино го промаши голот, резултатот на пенали беше изедначен, Парагвај се врати во игра. Но во петтата серија Гонзалез шутна исто така крај голот. А Габриел Жесус го погоди својот удар по што славјето можеше да почне. 

Бразил се пласира во полуфиналето а таму може да игра против Аргентина која вечерва ќе се сретне со Венецуела.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани