Навивач на Уругвај влета на теренот но брзо беше „покосен“ од играч на Чиле за кого можеби заврши Копа Америка (ВИДЕО)

by
2 минути читање

На дербито од
Групата Ц имаше од се по нешто. Единсон Кавани го постигна единствениот гол на мечот,
Луис Суарез бараше пенал зошто голманот на Чиле играше со рака, а еден навивач
на Уругвај се обиде да се прослави и влета на теренот.

Но неговата
авантура на „Маракана“ не траеше долго откако беше „покосен“ од Гонзало Хара. И
додека фудбалерот на Чиле им направи услуга на луѓето од обезбедувањето,
неговиот потег го навлече гневот на Уругвајците, особено на Луис Суарез кој
бараше да биде казнет репрезентативецот на „Ла роха“.

Судијата не се
реши за санкција, но КОНМЕБОЛ може да покрене дополнителна постапка доколку
конфедерацијата на Јужна Америка остане доследна на својот дисциплински код. Според членот 12, на Гонзало Хара
му се заканува суспензија од минимум два натпревари, па малку построга казна ќе
значи крај за него на Копа Америка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани