109
Алексис Санчез игра како препороден за својата репрезентација, како да не е тој од Манчестер јунајтед. Имаше одличен меч против Јапонија, а сега против Еквадор ја донесе победата.
Чиле поведе уште во осмата минута кога една одбиена топка во шеснаесетникот дојде до Фуензалида кој шутираше и даде гол за 1-0.
Во 26. минута беше досуден пенал за Еквадор, а сигурен реализатор беше Валенсија.
По шест минути игра во вториот дел, Алексис Санчез со убав гол ја донесе победата од 2-1 за Чиле.
По две одиграни кола во групата Ц, Чиле е прв со шест бодови, Уругвај има четири, Јапонија еден, а Еквадор е без бодови.