Уругвај не ја победи Јапонија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јапонија се покажа во одлично издание против големиот фаворит Уругвај, Јапонците во два наврати водеа, но на крајот треба да бидат задоволни од нерешениот резултат.

Натпреварот беше отворен со гол на Миоши во 25. минута, само седум минути подоцна Суарез го изедначи резултатот на 1-1.

По 15 минути игра во вториот дел Миоши даде нов гол, за ново водство на Јапонија, но и овој пат седум минути подоцна Хименез со глава го изедначи резултатот, сега за конечни 2-2.

По две кола Уругвај има четири бода, Јапонија еден.

Вториот меч од групата, меѓу Чиле и Еквадор се игра вечерва.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани