Меси се прошета низ одбраната на Никарагва, Аргентина се загреа за Копа Америка со пет гола (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Аргентина ја
имаше првата контролка во пресрет на Копа Америка, „гаучосите“ славеа со
убедливи 5-1 против Никарагва.

Во првиот дел,
Лео Меси постигна два гола за две минути. Фудбалерот на Барселона најпрво се
прошета низ одбраната на противникот и биеше по зејма за 1-0 а потоа начека
една одбиена топка и рутински реализираше за 2-0.

Лаутаро Мартинез
даде два гола во вториот дел, а Переира го заокружи гол-шоуто на Аргентина. Во
судиското надополнение, Барера од пенал постигна почесен погодок за Никарагва.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани