Во пресрет на
првенството на Јужна Америка, кое ќе се одржи во Бразил, Нејмар се најде во
центарот на голем скандал, фудбалерот на
ПСЖ е обвинет дека силувал девојка во Париз на 15. мај.
Поднесена е
пријава против него во полициска станица во Сао Пауло и додека властите не го
откриваат идентитетот на личноста, медиумите пишуваат дека се работи за 26
годишниот модел Нажила Триндаде, двајцата се запознале преку социјалните мрежи.
Нејмар ги отфрли обвинувањата и да ја докаже својата невиност ги објави сите разговори кои ги имале на Ватс ап, па дури и интимни фотографии и видеа кои му биле испратени, со што си направи нов проблем и прекрши неколку закони поради кои дури може да лежи и во затвор.
Скандалот сега може да
придонесе Нејмар да не настапи на Копа Америка и вакво нешто навестува потпретседателот на Фудбалската федерација на Бразил.
„Доколку Нејмар
игра, големи се шансите Бразил да потфрли. Знам какви се медиумите, и медиумите
ќе му се качат на глава. Допрва ќе се појават нови работи. Пријател од Рио де
Жанеиро ми кажа дека ќе биде објавено ново видео“ – вели потпретседателот на ФФБ,
Франсиско Новелето.
„Доколку треба да
се обложам, би се обложил дека тој нема да настапи на Копа Америка и ќе побара
да не игра. Не е во психолошка состојба да настапува на Копа Америка и да се
бори со новинарите“.
Претходно на оваа
тема говореше и првиот човек на федерацијата, Рожерио Кабокло, кој пак беше
убеден дека Нејмар ќе настапи на Копа Америка.
„Имаме целосна
доверба во Нејмар, знаеме каква личност е, каков човек е, каков спортист е.
Веруваме дека целата работа ќе се расчисти во брзо време“ – порача Кабокло.