23-годишниот Сане не е среќен во Манчестер Сити, а тоа ќе се обиде да го искористи Баерн Минхен и да го ангажира поранешниот фудбалер на Шалке.
Аријен Робен и Франк Рибери го завршија својот престој во Баерн Минхен, па германскиот гигант е во потрага по нови крилни играчи.
Сане оваа сезона имаше 47 настапи, но само на 30 од нив беше стартер, а само 16 пати одигра 90 минути.
Рахим Стерлинг и Бернардо Силва беа играчите кои ги преферираше Пеп на крилните позиции, а во финишот од сезоната и Ријад Махрез беше опција пред Сане.
И претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес за германските медиуми го потврди интересот за Лерој Сане кој е нивна цел број еден во моментов.
Се верува дека понудата на Баерн Минхен ќе биде 70 милиони фунти.