Четири погодоци
беа постигнати во регуларниот дел од финалната пресметка во Купот помеѓу
Академија Пандев и Македонија Ѓорче Петров на националната арена „Тодор Проески“
во Скопје, во првото полувреме резултатот гласеше 1-1, а по 90 минути игра 2-2.
Најнапред Пандев
во 10. минута донесе почетно водство за Академија Пандев, но, Македонија Ѓорче
Петров преку Да Силва во 21. минута израмни на 1-1, обата погодоци беа преубави
и ставија зачин на финалната пресметка.
Во второто
полувреме вистинска драма се одвиваше во завршницата откако Тантуровски донесе
пресврт за Македонија Ѓорче Петров и водство од 2-1 во 84. минута, за веќе во
следната акција Академија Пандев преку Дориев од пенал да израмни на 2-2.
Откако мечот во
регуларните 90 минути игра заврши со резултат 2-2, се премина во две
продолженија од по 15 минути, но и во тој период резултатот остана непроменет,
при што се премина на удари од белата точка, серија во која подобри беа
Академија Пандев со 4-2 за прва титула во Купот во историјата на тој клуб.
Фото-вест:
1tv.mk (prt sc)