150
Четири гола во
регуларниот тек на финалната пресметка од овосезонскиот Куп во нашиот фудбалски
шампионат помеѓу Академија Пандев и Македонија Ѓорче Петров, откако по првите
45 минути игра резултатот гласеше 1-1, на крајот двете екипи ремизираа со 2-2.
Пандев во 10.
минута ги доведе Струмичани во водство од 1-0, а Да Силва погоди за 1-1 во 21.
минута.
Во второто
полувреме вистинска драма во самата завршница од мечот во регуларните 90 минути
игра, најпрво Тантуровски донесе пресврт за Македонија Ѓорче Петров со голот во
84. минута, за минута подоцна Дориев од пенал да израмни на 2-2.
Фото-вест: 1тв (prtsc)