Ристовски поради црвениот картон ќе ги пропушти последните два големи натпревари за Спортинг оваа сезона

by
1 минути читање

На Спортинг Лисабон му преостануваат уште две пресметки со Порто до крајот на сезоната, најпрво во португалскиот шампион во рамките на последното коло, а потоа во финалето од Купот на Португалија.

Стефан Ристовски направи глупост на мечот со Тондела, сосема непотребно, без топка удри играч на противникот и заработи директен црвен картон со помош на ВАР, а тоа го чини суспензија од два натпревари.

Ристовски веднаш по натпреварот им се извини на соиграчите и на навивачите за црвениот картон кој беше дури трет за него оваа сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани