Најавите се
потврдија, Националниот федерален суд при Фудбалската федерација на Италија
немаше милост за ситуацијата на Палермо, па Сицилијанците поради финансиски
нерегуларности ќе ја заврши сезоната на последното место во Серија Б, а со тоа
ќе се пресели едно скалило подоле во италијанскиот фудбалски шампионат, поточно
во Серија Ц.
Александар
Трајковски и капитенот на тој состав, Илија Несторовски сигурно ќе имаат нови
клубови за идната сезона по испаѓањето на Палермо во понизок ранг, а во Италија
на големо ќе се пишува за тоа каде би завршиле, а „Слободна Далмација“ донесе еден интересен предлог за Хајдук од Сплит.
„Некогаш и за
него се зборуваше на Пољуд: Колку
би било добро покрај Посавец од Палермо да донесеме и напаѓач?!“ прашува
медиумот, алудирајќи на македонскиот напаѓач Илија Несторовски, а Посавец е 23
голман чија позајмица од Палермо во Хајдук истекува ова лето, а Сицилијанците
се шпекулира дека за неговите услуги бараат околу 2 милиони евра.
„Европски Хајдук
нека биде отскочна даска, воедно, се зборуваше за Несторовски уште во 2016.
година, од ХНЛ заврши во Палермо за пола милион евра, дали сега е моментот, со
еден удар да се решат две муви, звучи како добра приказна, зошто да не се обиде до реализација?“ прашува „Слободна
Далмација“.
Сепак, голем е интересот за
29 годишниот Несторовски ширум Европа, тој сигурно ова лето ќе заврши во
поголем клуб, а останува дилемата како ќе реагира Палермо, клуб со кого е
обврзан на верност до 2021. година, единствено прашање е дали постои одредена
клаузула за трансфер при пад во понизок ранг во Италија, околност што би го
олеснило заминувањето на Прилепчанецот.