Борнмут го понижи Брајтон на негов терен, Кардиф остана во игра за опстанок во Премиерлигата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Борнмут славеше
убедлива победа од 0-5 на гостувањето кај Брајтон, нанесувајќи му вистински
дебакл на негов терен, а веројатно на овој исход од тој меч најмногу се радува
Кардиф, екипа која иако загуби на гостувањето кај Барнли со 2-0, остана во
живот за опстанок во најсилниот фудбалски шампионат на Англија.

Борнмут го посрамоти Брајтон, а притоа еден од погодоците беше како од фудбалските учебници, откако Гослинг погоди во една прекрасна акција на гостите…

Од останатите
натпревари кои започнаа исто од 16 часот речиси и да немаа речиси никакво резултатско значење
на табелата во Премиерлигата,

Фулам е веќе со една нога во Чемпионшипдивизијата
на Англија, иако дома славеше победа над Евертон со 2-0, а Саутемптон за момент
се одлепи од опасната зона по победата над Вулверхемптон од 3-1 и сега има
предност од осум бода во однос на Кардиф кој е на позиција од која се уште може
да се бори.

На табелата
разликата помеѓу  Брајтон и Кардиф е пет
бода на пет кола до крајот на првенството, притоа Брајтон има и меч помалку во
однос на својот најголем ривал за опстанок во Премиерлигата оваа сезона.

Со почеток од 18,30 часот се среќаваат Манчестер јунајтед – Вест Хем, со што ќе се комплетира денешната програма на натпревари во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×