Мура на преубав начин го прослави хет-трикот за Тотнем, овации од трибините по неговиот потег (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тотнем ја
оправда фаворитската улога во дуелот со фенерџијата во Премиерлигата,
Хадерсфилд, против кого славеше со 4-0 на домашен терен, а на новиот стадион на
Спарс, падна и првиот хет-трик.

Лукас Мура беше
извонреден денеска со три гола во мрежата на гостинот, а неговата гол-серија
почна во 27. минута, продолжи во 87., а заврши во самиот финиш од пресметката
во Лондон.

Бразилецот на
преубав начин го прослави својот хет-трик откако го зема своето синче на теренот,
а од гледалиштето со овации го поздравија секој допир со топката на детето кое
сигурно ќе го памети овој ден.

class="twitter-tweet" data-lang="en">

pic.twitter.com/BRYbceOw0f

Можно е и ова да ти се допаѓа

×