148
Тотнем без големи проблеми го совлада веќе испаднатиот Хадерсфилд, Лукас Мура со хет-трик беше во центарот на вниманието.
Маурисио Покетино на овој меч беше без Хари Кејн за кој заврши сезоната, но и без Деле Али кој исто така е повреден. Сепак оние кои настапија ја завршија работата.
Резултатот беше отворен во 24. минута кога Ванјама постигна гол за водство од 1-0, само три минути подоцна Лукас Мура го постигна својот прв гол на мечот и зголеми на 2-0.
Долго време беше активен тој резултат, дури во 87. минута Мура постигна нов гол за водство од 3-0, а хет-трикот го комплетираше во судиското продолжение.
Со овие три бода Тотнем скокна на третата позиција на табелата со бод пред Челси.