Барселона го победи Манчестер јунајтед со 1-0 на Олд Трафорд, но Каталонците не оставаат ништо на случајот. Поучени од тоа што му се случи на ПСЖ тие не планираат ни најмалку да го потценат англискиот клуб.
Денеска Барселона се среќава со Хуеска во Примера, а во составот ќе ги нема Лео Меси и Серхио Бускетс, а можеби Валверде ќе одмори и уште некој фудбалер од стартниот тим.
Луис Суарез и Жерар Пике ќе бидат исто така отсутни, но поради суспензија. Серџи Роберто и Рафиња се повредени, а нема да биде ниту Иван Ракитиќ поради болест.
На седум кола до крајот во Примера, Барселона е на врвот со 11 бодови предност, па може да си дозволи еден комбиниран состав против Хуеска.
Мечот меѓу Барселона и Манчестер јунајтед се игра во вторник.