Јуве ќе жртвува една од своите ѕвезди за да собере пари за Жоао Феликс?

by
1 минути читање

„Тутоспорт“ пишува дека Јувентус ќе го продаде Пауло Дибала со цел да собере пари за Жоао Феликс.

Јувентус го посакува 19 годишниот Феликс кој со хет-трикот против Ајнтрахт Франкфурт уште еднаш го привлече вниманието на себе, но Бенфика нема да се откаже од него за помалку од 100 милиони евра.

Дибала во изминатиот период го загуби стартното место во тимот и би можел да биде клучен за остварување на мисијата Феликс.

Тој постигна 10 гола во 37 натпревари за Јувентус оваа сезона и неговото обесштетување веројатно ќе биде многу високо, Јуве планира од него да инкасира исто така околу 100 милиони евра.

Конкуренцијата за Жоао Феликс е голема, покрај Јуве тој се поврзува и со Баерн Минхен, Реал Мадрид, Барселона и двата клуба од Манчестер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×