Барселона оди во
позитивна насока оваа сезона, го доби дерби мечот со Атлетико Мадрид на
крилјата на Суарез и Агуеро, една мошне значајна победа за титулата во Примера,
која речиси и да е освоена сезонава, а Каталонците се на добар пат и да
обезбедат место во полуфиналето од Лигата на шампионите, откако првиот меч со
Манчестер јунајтед го добија со минимална победа на негов терен.
Реал Мадрид има
тешка сезона зад себе, а според зборовите на поранешниот претседател на Барселона,
Жоан Лапорта, тој истата ја оцени како ‘катастрофална’.
„Очигледно е,
сезоната за Реал Мадрид е рамна на катастрофална“ рече Лапорта обраќајќи се до
медиумите на нивните прашања за време на светскиот фудбалски конгрес, а потоа
наведе и дека ова се тешки моменти и за навивачите на Кралскиот клуб.
„Да се биде
навивач на Реал Мадрид во овие моменти е веројатно многу тешко, бидејќи не
можат да освојат ништо, а тоа е доволен повод за да почнат да размислуваат за
летото“ додаде тој.
„Премногу е
тешко, не би сакал да искажам непочитување кон никого бидејќи тоа е многу
чувствителна тема, но, задоволство е за оние во Барселона кога работите за Реал
Мадрид се лоши“ заклучи Лапорта кој потоа наведе дека постои надеж дека сезоната
за Барселона ќе заврши на одличен начин.