Тренерот на Ајакс наведе два клуба како најсериозни за потписот на Де Лихт

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Ајакс, Ерик тен Хаг верува дека шансите еден од неговите
најдобри поединци во тимот, Матијс де Лихт да остане се рамни на нула, а притоа
тој ги издвои веројатно двете најсериозни опции за неговата иднина.

Постојат нула
шанси Де Лихт да остане во Ајакс
“ посочи Тен Хаг за 19 годишниот фудбалер,
капитен на Ајакс кој настапува и за најсилниот состав на Холандија, а со своите
одлични изданија веќе го привлече вниманието на повеќето европски гиганти.

Постојат многу
клубови кои се заинтересирани за неговите услуги, тој ќе си замине на лето, но,
не знам дали во Барселона или Баерн Минхен
“ заклучи Тен Хаг најавувајќи
трансфер на централниот дефанзивец од кој Ајакс би можел да заработи 75 милиони
евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×