Касано како и секогаш, без влакна на јазикот: Рома е Тоти, а не Палота или Балдини во Лондон

by
1 минути читање

Антонио Касано
упати индиректна порака до Џејмс Палота да се повлече од позицијата претседател
на Рома, а со тоа да го ослободи патот на Франческо Тоти до таа позиција,
наведувајќи дека легендата на клубот е вистинското лице на Римската волчица.

Изминатиов период
Тоти на големо се поврзуваше со позицијата технички директор на Рома, но Касано
верува дека тој е вистинскиот за позицијата претседател на римскиот клуб.

Би сакал да го
видам Тоти како претседател на Рома, тој го претставува овој клуб, паметен е, а
воедно и особа која знае да направи баланс
“ рече Касано.

Поддржан од
некои кои би го советувале околу фудбалерите, тој би можел да има одлична
кариера
“ додаде тој.

Рома е Тоти, а
не Палота или Балдини во Лондон. Де Роси е повеќе од тренер, Тоти кажува само
два збора на ден
“ заклучи поранешниот фудбалер на Рома алудирајќи на тоа дека
раководството на клубот не посветува доволно внимание за зголемување на клупските
амбиции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×