Легендата на
Милан, Паоло Малдини смета дека Џенаро Гатузо е вистинскиот за тренерската
позиција на Росонерите, а тој додава дека токму Гатузо е човекот кој ќе го
врати тимот од Милано во Лигата на шампионите, заклучувајќи дека во него не
треба да се има сомневања.
Милан во сабота
ќе ги одмери силите со Лацио во еден клучен дуел во битката за пласман помеѓу
четирите најдобри екипи до крајот на актуелната сезона во Серија А, а Малдини
беше запрашан за тоа дерби.
„Лацио игра добар
фудбал, имаат квалитет во својот состав, исто како и ние, целта на обете екипи
е иста, пласман во Лигата на шампионите“ рече Малдини во изјавата за Спорт
Медиасет.
„Ние имаме мали,
средни и големи проблеми против екипите кои се пред нас на табелата, доколку
освоиме два добри резултати на натпреварите против Лацио и Торино, ние би
излегле пред нив во една доста добра позиција, дури и да завршиме со идентична бројка на бодови“ смета
Малдини во однос на табелата каде Милан моментално со 52 бода е на посакуваното четврто место, заедно со Аталанта (52), а пред Рома (51), Лацио (49) и Торино (49).
„Ние сме среќни
со тоа што го имаме Гатузо, никогаш не се сомневаме во неговите квалитети,
никогаш не ни постоела идеја во клубот да го замениме со некој друг тренер,
убедени сме дека тој е вистинскиот за нас“ заклучи директорот за развој на тимот, Малдини упатувајќи јасна
поддршка до неговиот поранешен соиграч од редовите на Росонерите.