Натпреварувачкиот комитет при Шпанската фудбалска федерација го казни Диего Коста со суспензија од осум натпревари. Четири од нив се поради навреда на судијата Хил Манзано за време на мечот меѓу Барселона и Атлетико Мадрид, а четири се поради тоа што го фати судијата за рака откако му беше покажан црвениот картон.
Дополнително, Диего Косто ќе треба да плати глоба од 6.010 евра, а Атлетико Мадрид од 2.800 евра.
Во Примера има уште седум кола до крајот, па суспензијата од осум натпревари ќе значи и крај на сезоната за Диего Коста.
И претходно се шпекулираше дека Диего Коста би можел да биде продаден од Атлетико Мадрид во летниот преоден рок, па ако тоа се случи тоа значи дека тој веќе го одигра последниот меч во дресот на мадридскиот клуб.
Атлетико Мадрид ќе поднесе жалба на оваа висока казна.