Јувентус си
обезбеди позитивен резултат на синоќешното гостувањето кај Ајакс и одигра 1-1 во Амстердам.
Домаќините можеби
беа подобар противник, но на момент заборавија на Кристијано Роналдо кој ги казни
кон финишот на првиот дел и ги донесе „бјанконерите“ во водство. Давид Нерес со
прекрасен соло гол изедначи на стартот од вторите 45 минути, но овој резултат
го прави Јувентус фаворит за прогрес во полуфиналето.
„Роналдо уште
еднаш покажа дека е играч од друго ниво. Неговиот тајминг и движење е сосема
поразлично од сите други“ – истакна Макс Алегри по крајот на мечот.
Ваквата изјава на
тренерот на Јувентус ја потврдуваат и бројките. Кристијано Роналдо е прв
стрелец во Лигата на шампионите со 125 погодоци и далеку најдобар во финалната
етапа од ова натпреварување (четврфинале, полуфинале и финале).
Nobody comes close to Cristiano Ronaldo. pic.twitter.com/4hpNiPiBCN
— ESPN FC (@ESPNFC) April 10, 2019
Тој на овие
мечеви има постигнато 41 погодок, повеќе од двојно од следниот на листата, Лео
Меси кој зад своето име има само 16 погодока.
ЦР7 доминира и
кога е во прашање целата нок-аут фаза (од осминафинале па се до финале). Тој
има постигнато 64 погодока, повеќе отколку што заедно имаат вториот и третиот
на листата. Лео Меси има 42 гола, а Тоамс Милер има 21 гол.
Cristiano Ronaldo has scored more UCL knockout stage goals than the 2nd and 3rd highest scorers combined pic.twitter.com/QMo4mDu5LA
— ESPN UK (@ESPNUK) April 10, 2019