Зинедин Зидан ќе
прави голема реконструкција на тимот по крајот на сезоната, се очекува да
заминат неколку играчи, и да пристигнат неколку нови имиња.
Според пишувањата
на АС, Герет Бејл е еден од играчите на кои Зизу нема да смета во иднина.
Весникот додава дека во понеделникот, Хосе Анхел Санчез вечерал со агентите на
играчот, Џонатан Барнет и Луис Алонсо и ги известил за ова.
Директорот им кажал
дека Герет Бејл ќе биде ставен на трансфер листа, и ќе добие една привилегија. Во
знак на благодарност за одличнот однесување на Велшанецот и неговата посветеност
во шестте поминати години во Мадрид, фудбалерот ќе може да ја избере следната
дестинација во случај понудите кои ќе пристигнат горе-долу да бидат приближно исто
вредни.
АС исто така вели
дека на средбата не станало збор за сумата која Реал Мадрид ќе ја бара, и
посочува дека Манчестер јунајтед и Баерн Минхен се двата клуба кои пројавуваат
најголем интерес за услугите на 29 годишниот офанзивец.