Изненадување: Хамес би можел во Италија, ама не во Јувентус

by
1 минути читање

Се уште не е
познато каде ќе заврши Хамес Родригез на лето, неговата позајмица во Баерн
Минхен истекува токму во тој период, а откако доби шпански пасош се отвори
можноста Реал Мадрид да го искористи бенефитот со тоа што би имал можност за
дополнителен фудбалер без пасош од ЕУ во својот состав.

Веројатно поголемите
шпекулации ја отвораат можноста Хамес да се врати во Мадрид, наводно Баерн
Минхен не е заинтересиран да ја искористи опцијата вредна 35 милиони евра за да
го откупи неговиот договор, но, засега се
е базирано на шпекулации.

Една доста
интересна вест ни доаѓа од таткото на Колумбиецот, кој подвлече дека Хамес би
можел во Италија, меѓутоа, не станува збор за Јувентус, туку за Наполи.

Мојата ќерка
Даниела ми рече дека има одличен однос со Карло 
Анчелоти (тренерот на Наполи). таа сигурно би била среќна доколку тие
двајцата соработуваат
“ рече Ернан Оспина во изјавата за Радио Кис Кис Наполи.

Мислам дека еден
ден тој ќе игра во Италија, во голем клуб како Наполи, сите фудбалери од
Колумбија посакуваат да играат во Серија А, а квалитетот на тој шампионат
порасна по доаѓањето на Кристијано 
Роналдо во Јувентус
“ заклучи тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×