Од Амстердам
пристигнуваат информации дека 120 навивачи на италијанскиот првак Јувентус се
уапсени во пресрет на вечерашната пресметка со Ајакс во четвртфиналето од
Лигата на шампионите.
Во поединечни
инциденти, навивачите на Ајакс имале и жесток судир со полицијата, а неколку
инциденти му претходеа на вечерашниот меч помеѓу обете екипи во елитното
европско клупско натпреварување на патот на навивачите до Јохан Кројф арената.
Италијанскиот
министер за внатрешни работи, како и заменик претседател на тамошната власт,
Матео Салвини на социјалните мрежи објави дека има околу 120 приведени поради
тоа што лицата со себе имале предмети кои не биле соодветни за на стадион, а се
верува дека станува збор за ножеви и останати работи.
Одвоено од таа
ситуација, стотици хулигани на холандскиот тим пак, се обиделе да ја нападнат
полицијата близу стадионот, а полицијата возвратила со воени топови.