Ле Паризиен: Односот помеѓу Погба и Солскјер е влошен, Французинот очајно посакува преселба во Мадрид

by
1 минути читање

Според
францускиот медиум Ле Паризиен, се вели дека односите помеѓу шефот на стручниот
штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, како и фудбалерот од средниот
ред на таа екипа, Пол Погба биле влошени, а Французинот очајно посакува
трансфер во Реал Мадрид на лето.

Ле Паризиен ја
потенцираше огромната желба на Погба да ја продолжи својата кариера во друг
клуб на лето, далеку од Олд Трафорд, а Французинот веќе јасно упати дознаење
дека посакува да работи под кормилото на Зинедин Зидан.

Веројатно е дека
аспирациите на Манчестер јунајтед за новата сезона не се исти со оние на Реал
Мадрид, а извесно е дека токму тука е најголемата причина кај Погба кој тешко
би одбил таков предизвик во својата кариера како Реал Мадрид, опција што подолг
период се шпекулира дека е можна да се реализира во летниот преоден рок.

Јасно е дека
ситуацијата во Манчестер јунајтед не е сјајна, тимот грчевито се бори за место
во Лигата на шампионите идната сезона, на табелата во Премиерлигата е на
шестото место, зад Арсенал и Тотнем, а не се исклучува можноста тимот од Олд
Трафорд да игра во Лига Европа идната сезона, нешто, што Погба јасно посочи
дека не е негова цел.

Сепак, нема
дилеми во тоа дека Погба е фудбалерот кој имаше најголем бенефит во Манчестер
јунајтед од доаѓањето на Оле Гунар Солскјер на клупата на таа екипа, откако
Норвежанецот го презеде кормилото во Премиерлигашот, тој постигна девет гола, а
асистираше во седум за неговите соиграчи во 19 натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×