Тебас со жестока реакција кон УЕФА за структурата на ЛШ: Наместо пет, сега ќе купуваат и до седум луксузни автомобили

by
1 минути читање

Претседателот на
Ла Лига, Хавиер Тебас упати жестоки критики кон УЕФА и структурата на Лигата на
шампионите, тој е загрижен за домашниот фудбал во Европа и учеството на
одредени земји кои немаат финансиска можност да парираат на останатите.

Проектот е штетен
за клубовите и нема да донесе никаков бенефит каков што тие посакуваат
“ рече
Тебас во однос на сумата од 800 милиони евра за новата Лига на шампиони.

Ја намалува
вредноста на националните првенства и куповите во истите, тие едноставно ќе
продолжат да ги полнат куферите, како и оние на фудбалерите, така наместо пет,
тие ќе можат да купуваат и до седум луксузни автомобили
“ дополни Тебас.

Треба да менаџирате многу првенства во земји кои немаат толку многу големи финансии, не треба да ги правиме ѕвездите побогата“ додаде тој.

Постојат многу
пари во фудбалот, но нема потреба само најдобрите клубови и најдобрите
фудбалери да имаат бенефит
“ заклучи првиот човек на фудбалскиот шампионат на
Шпанија.

Оваа реакција на
Тебас доаѓа по предлогот на Европската куќа на фудбалот за новата структура на
Лигата на шампионите во блиска иднина, 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×