334
Ајакс е несомнено
најпријатното изненадување во елитното европско клупско натпреварување, тимот
од Холандија го елиминираше бранителот на европскиот трофеј Реал Мадрид уште во
осминафиналната фаза, а секако не смее да се потцени ниту во двобојот против Јувентус.
Вечерва на Јохан
Кројф арената во Амстердам се игра првата пресметка во четвртфиналето помеѓу
Ајакс и Јувентус, а група навивачи на холандскиот тим организирано се обиде да
ги остави без спиење ѕвездите на италијанскиот првак откако пуштија огномет
пред хотелот каде тие престојуваат во доцните часови…