Што е заедничко за Ибрахимовиќ и денешните натпревари од Лигата на шампионите?

by
1 минути читање

Во Амстердам, Ајакс го пречекува Јувентус, а на Олд Трафорд играат Манчестер јунајтед и Барселона.

Заедничко за овие натпревари и Златан Ибрахимовиќ е тоа што Швеѓанецот го носел дресот на сите четири клуба.

Најпрво беше играч на Ајакс од 2001 до 2004 година, а од таму премина во Јувентус каде настапуваше до 2006 година.

Во Барселона беше во 2009 година од каде поради несогласувања со Гвардиола беше испратен на позајмица во Милан закој подоцна потпиша и перманентен договор.

Најтазе од овие клубови му беше Манчестер јунајтед каде отиде во 2016 година и се задржа две сезони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×