Реал Мадрид ќе се ценка за Азар и има зошто да го прави тоа

by
1 минути читање

Реал Мадрид се надева дека ќе плати помеѓу 70 и 80 милиони фунти за Азар, но Челси бара 100 милиони фунти.

Кралскиот клуб нема намера да ја плати таа сума бидејќи Азар има само уште една година од договорот со Челси, а тоа им дава предност во преговорите и можност за ценкање.

Ако Челси се одлучи да стои цврсто на ставот и да не отстапи од бараната сума, ризикува трансферот да не се реализира и Азар по крајот на идната сезона да си замине како слободен играч.

Штетата на Реал Мадрид во еден таков случај би била само што ќе треба да почека уште една година, а ако се одлучи за тоа ќе го добие Азар за беспари и ќе може да му даде и бонус наместо да плаќа огромна сума ова лето.

Се претпоставува дека двата клуба ќе најдат заеднички јазик и ова лето ќе се реализира трансферот на Азар во Реал Мадрид, но останува да видиме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×