Монтела е во Фиренца, по втор пат ќе стане тренер на Фиорентина

by
1 минути читање

Монтела по пристигнувањето во Фиренца веднаш бил пресретнат од неколку новинари на кои им рекол: „Секогаш сум среќен кога ќе се вратам тука“.

Синоќа Стефано Пиоли си поднесе оставка од тренерската позиција во Фиорентина која се чини експресно ја најде неговата замена.

Поголем дел од италијанските медиуми пишуваат дека 44-годишниот стратег начелно се согласил на договор до јуни 2020 година според кој ќе заработува 1,5 милиони евра по сезона и ќе има опција за продолжување на соработката.

Денеска треба да го има и првиот тренинг со тимот по што ќе биде и официјално презентиран како нов тренер.

Монтела претходно беше тренер на Фиорентина од 2012 до 2015 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×