Гвардиола: Понекогаш пораз од 1-0 е подобро отколку 0-0

by
1 минути читање

Гвардиола направи неколку експерименти во тимот, Манчестер Сити имаше лош меч и загуби на гостувањето кај Тотнем со 1-0. Можеби се ќе беше поинаку ако Агуеро погодеше од пенал во првото полувреме.

Гвардиола има филозофски приод кон резултатот, па објаснува како пораз од 1-0 може да биде подобар од нерешено 0-0.

„Понекогаш пораз од 1-0 може да биде подобар од 0-0 бидејќи знаете што точно треба да направите“, вели Гвардиола.

„При 0-0 мислите дали да нападнете или да се браните, но вака знаеме дека треба да постигнуваме голови. Ќе го анализираме резултатот, но во моментов сум задоволен од тоа како одигравме, го контролиравме мечот, и можеби во реваншот тоа ќе се покаже и во резултатот“.

Со исклучок на пеналот, Манчестер Сити имаше само уште еден шут во рамките од голот кој Лорис лесно го одбрани. Но, Гвардиола верува дека може да дојде до својата трета титула во Лигата на шампионите.

„Тие имаа неколку шанси и дадоа гол, некои слободни удари, контра напади, но ние го контролиравме мечот, игравме добро. Ќе видиме во следниот меч како ќе биде пред нашите навивачи на свој терен“.

„Доколку не играме добро ќе признаам, но сега го немам тоа чувство. Во најголем дел од мечот, и во двете полувремиња ние бевме тие кои ги градеа акциите, кои правеа притисок, тие не го правеа тоа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×