„Не изгледа добро“ – Покетино излезе со прва прогноза за повредата на Кејн и најави долга пауза

by
0 минути читање

Црна дамка во победата на Тотнем против Манчестер Сити е повредата на Хари Кејн кој предвреме го заврши натпреварот. Во прашање е левиот зглоб кој со кој и претходно имаше проблеми.

„Многу, многу е тажно. Ќе биде тешко, ќе ни недостасува, веројатно до крајот на сезоната“, изјави Покетино.

„Лоши вести. Се работи за неговиот зглоб, истиот зглоб. Изгледа слично како и претходно“.

„Многу тажна ноќ. Среќен сум за играта и победата, но тажен поради повредата на Кејн“.

„Но, детално ќе знаеме во наредните денови откако ќе бидат направени сите прегледи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×