ВАР и Лахоз му прогледаа низ присти на Салах, како не беше доделен црвен картон за овој старт? (ФОТО и ВИДЕО)

by
1 минути читање

Видео
технологијата требаше да донесе помалку контроверзии во фудбалот, но очигледно
и ВАР има свои мани. Вечерва на дуелот помеѓу Ливерпул и Порто, Мохамед Салах
имаше еден невнимателен старт за кој лесно можеше да добие црвен картон.

При еден дуел во
шеснаестникот, дефанзивецот на Порто, Данило прв стигна до топката а
Египјанецот наместо да ја закачи топката, со отворен ѓон го удри противникот во нога и лесно
можеше да му нанесе потешка повреда.

Сепак, Мохамед
Салах не доби никаква опомена од судијата Лахоз, а ниту ВАР собата се огласи и
покрај тоа што имаше доволно елементи за исклучување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×