Роналдо во стројот, Кјелини вон комбинација за пресметката во Амстердам

by
1 минути читање

Сигурно дека
Јувентус не треба воопшто да го потценува Ајакс како противник во
четвртфиналето од Лигата на шампионите, утревечер холандскиот претставник на
домашен терен го пречекува италијанскиот првак во нивната прва пресметка.

Кристијано Роналдо
се врати во строј, а првата ѕвезда на Старата дама се најде во составот на
Масимилијано Алегри за гостувањето во Амстердам, но, Џорџо Кјелини и Емре Џан
нема да бидат во комбинација.

Роналдо се
рехабилитираше од повредата, но Кјелини не успеа, а Џан исто ќе отсуствува
поради повреда, тие се приклучија на листата на фудбалери кои се вон комбинација
за Јуве, како Мартин Касерес, како и Хуан Гвадрадо.

Барзаљи е опција
за партнер во последната дефанзивна линија на Леонардо Бонучи, а освен Барзаљи,
на располагање за мечот во Амстердам, Алегри го има и Даглас Кошта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×