Фудбалерот на
Барселона, Осман Дембеле ќе мора да плати 10,000 евра за хаосот кој го остави
во куќата каде престојуваше во Дортмунд, за периодот од неговиот престој во
бундеслигашот Борусија, пред да се пресели во Барселона во 2017. година.
21 годишниот
Французин никогаш не се врати во неговата поранешна куќа која ја изнајмуваше, а
сопственикот на истата, 72 годишниот Герд Вејсенбург за Билд сведочеше за тоа
на каков хаос наишол при заминувањето на Дембеле.
„Ситуацијата во
куќата беше вознемирувачка, можам слободно да кажам дека целата беше во
прашина, тотален хаос, кога прв пат влегов во неа по неговото заминување, бев
шокирана“ рече тој.
„Тоа е домот на
моите родители и затоа сум многу разочарана, сега ја продавам куќата, но целата
смрди“ додаде Вејсенберг.
Вејсенберг прво
бараше 21,000 евра поради доцнењето во плаќањето на ратата на фудбалерот, како
и оштетувањата во куќата, но, по договорот кој тој го направи со адвокатите на
Французинот, сумата падна на 10,000 евра.
„Целата
бања беше во една катастрофална состојба, а водоводџијата пронајде дури и
камења во тоалетот, што мораа да бидат тргнати со рака, кога Дембеле се всели,
се’ беше
поинаку, не знаевме како да се ослободиме од отпадот бидејќи истиот беше фрлен
во градината“ посочи тој.