„Како да се дојде поблиску до Јуве? Треба да купиме некој судија“

by
1 минути читање

Текстописецот
Џиџи Д
Алесио се пошегува
дека Наполи, екипата за која тој навива треба да купи судија за да го освои
Скутедото, арбитражата во Италија е доста контроверзна, а тоа е нешто што
никогаш не се оддалечува од Серија А долги години.

Секогаш ќе има
незадоволни лица во поглед на делењето на правдата во најсилниот фудбалски
шампионат на Италија, а изминатиот викенд посебен акцент на реакциите кон
арбитражата беше ставен во победата на Јувентус над Милан, како и ремито на
Лацио против Сасуоло.

Ние треба да
купиме судија!
“ порача Д
Алесио
во изјавата за РМЦ Спорт запрашан за тоа што му е потребно на неговиот омилен
тим да се доближи до Јувентус.

Наполи е неконзистентен,
но, исто како и Сари, и Анчелоти дава прилика на целиот состав да добие
минутажа на теренот, сегашниот тренер направи добра работа во клубот, сега
Наполи се фокусирани на Лига Европа
“ додаде тој.

Тешко е да се
натпреварувате со екипа како Јуве, го кажувам ова како навивач. За Наполи, кога
ќе успее да го совлада Јувентус, тоа би било како освојување на едно Светско
првенство
“ заклучи Д
Алесио.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×