Сари: Ако Азар сака да си оди…

by
1 минути читање

Еден Азар блеска како никогаш досега во дресот на Челси, беше импресивен и синоќа против Вест Хем на кој му даде два гола.

Силно се шпекулира дека во летниот преоден рок ќе замине во Реал Мадрид, има уште една сезона од договорот со Челси и доколку одбие да го продолжи клубот ќе мора да го продаде за да заработи од неговото заминување.

Ико ќе има уште една година од договорот, се пишува дека Реал Мадрид е подготвен да го купи во летниот преоден рок за 100 милиони фунти. Иако тоа е голема сума за играч кој нема долг договор, Сари не се согласува со тоа.

„100 милиони фунти? Тоа е многу евтино. На овој пазар е многу евтино. Видовме во последно време какви се цените“, вели Сари.

„Мислам дека е многу тешко да се замени Азар бидејќи тој многу високо го постави нивото. Евентуално да се замени со двајца играчи“.

„Јас не можам да направам ништо за да го задржам. Доколку Азар сака да си оди, доколку сака ново искуство, тешко ќе биде клубот да го задржи“.

„Ние ќе се обидеме да го убедиме дека се обидуваме да направиме еден од најдобрите клубови во Англија и да бидеме кандидати во Европа, но мислам дека ќе треба да ја почитуваме неговата одлука“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×