Бонучи се извини и го објасни својот став за расизмот откако доби лавина критики

by
1 минути читање

По натпреварот Бонучи рече дека вината за инцидентот ја делат навивачите на Каљари и Кин бидејќи тој голот го прослави пред нив.

Кин беше навредуван речиси во текот на целиот меч, па тој затоа и прослави кај фановите. А изјавата на Бонучи многумина ја сфатија како одбрана на расизмот.

„Расизмот е скандал и не смее да постои во 2019 година. Би рекол дека се работи за недоразбирање“, вели Бонучи.

„Им се извинувам на сите оние кои погрешно ме разбраа бидејќи мојот одговор не беше доволно прецизен. Јас сум 100% против расизмот. Виновницте треба да се казнат“.

Со критики за изјавата на Бонучи се јавија Кевин Принц Боатенг, Лилијам Турам и Марио Балотели кој рече деа Бонучи имал среќа што тој не е таму.

„Отсекогаш сум го сакал Марио и ќе го сакам“, вели Бонучи.

„Боатенг беше во право. Му се јавив и му објаснив дека се работи за недоразбирање. Не го оправдувам расизмот, само сакав да кажам дека преферирав Моисе да слави со нас“.

„Ќе повторам сите се во право. Ги сакам, сите, истото е и со Турам. Зборував и со него по телефон. Му објаснив дека се работи за недоразбирање, комплетно сум против расизмот. Тој не смее никогаш да биде толериран“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×