„Светците“ против Стразбур можеа да стигнат до нова титула во Франција, но мечот ќе остане како запаметен по едно од најголемите промашувања во историјата на фудбалот.
Во првиот дел, при резултат 1-1, Нкунку ја префрли топката преку голманот, еден од гостинските дефанзици се обиде со лизгачки старт да блокира но не успеа, и кога сите ја видоа топката во мрежата, Чупо Мотинг имаше потег за кој долго време ќе се зборува.
Напаѓачот на ПСЖ некако успеа да ја стопира топата на самата гол линија, потег за кој долго време ќе се зборува.
Камерите ја уловија реакцијата на клупата на „Светците“ а најинтересен беше Килијан Мбапе, младиот Французин не можеше да поверува што гледа.
What a miss. What happened here. #Ligue1 #PSG #Moting #Mbappe shell shocked pic.twitter.com/9UcOE92CfW
— Sport Chronicles (@SportStories247) April 7, 2019